Алгоритам научи да ја игра Super Mario World подобро од човек

Gaming
3. Mar 2021
147 прегледи
Алгоритам научи да ја игра Super Mario World подобро од човек

Неодамна на интернет се појави видео каде Seth Bling го објаснува алгоритамот што го направил кој учи како да ја игра популарната игра на Nintendo, Super Mario World. Нарекувајќи го MarI/O, еволутивниот алгоритам учи од искуство играјќи ја играта повторно и повторно со една единствена цел – стигнувајќи до целта на мапата што е можно побрзо.

После 34 „проби“, алгоритамот може да ја помине мапата подобро од просечниот човечки играч. Кодот за MarI/O е достапен за секого кој сака да го превземе и да го модифицира. Во теорија овој код би требало да работи и со други слични игри „платформери“ на кои целта е да стигнете на крајот на мапата од лево кон десно.


Сподели: