Boston Dynamics го претстави новиот робот Stretch

"Stretch" е новиот робот од Boston Dynamics наменет за ефикасна работа во големите магацини и дистрибутивни центри.

Роботика
5. Apr 2021
198 прегледи
Boston Dynamics го претстави новиот робот Stretch

Boston Dynamics отсекогаш биле во фокусот на внимание со своите иновации во полето на роботиката и успевале да не остават без зборови со перформансите на нивните роботи. Пред неколку дена тие претставија нов прототип на робот кој би имал практична употреба во големите магацини и дистрибутивни центри, всушност овој робот во иднина потполно би го заменил човекот во извршување на секаква физичка работа во оваа индустрија.

"Stretch" е дизајниран да го автоматизира процесот на ракување со кутии и пакети, утовар и истовар од камиони, како и складирање на палети. Овој робот може брзо да се интегрира во веќе постоечки магацин, а работните задачи ќе ги извршува поефикасно, побрзо и побезбедно од човечкиот работник.

 


Сподели: