Мод на Coolermaster тастатура дозволува да играте Snake со позадинското светло

За оние кои го поминуваат поголемиот дел од својот ден пред компјутер и тастатура, навистина од големо значење е удобноста при куцање. Напредните тастатури можат да ви понудат повеќе опции за забава, како позадински светла во разни бои, специјални програмабилни копчиња и дисплеи со важни информации. На пазарот постојат тастатури кои се попаменти од просечните компјутерски гаџети, модели кои дозволуваат модификации по желба, интерес и иновативност на корисникот, па нормално е да очекуваме и дека некој ќе успее да направи игра буквално на својата тастатура.
Постојат стотици модели и дизајни на тастатури, а моделот од Coolermaster – QuickFire Rapid-i се издвојува по она што нуди многу добра опција за позадинско светло. Таа е една од ретките десктоп тастатури кои им парираат на тастатурите од Apple. Оваа тастатура дури има и ARM Cortex процесор кој е задолжен за контролирањето на разните функции, а тоа му овозможило на еден geek да ја имплементира добро познатата зависна игра од минатото, Snake!
Сподели: