Мрежа од оптички влакна со брзини на трансфер од 255 терабити во секунда

255 терабити во секунда е доволно да наполните 32 хард дискови од 1 терабајт за само 1 секунда!

Наука
4. Mar 2021
335 прегледи
Мрежа од оптички влакна со брзини на трансфер од 255 терабити во секунда

Истражувачи од Универзитетот во Централна Флорида и Универзитетот за Технологија во Ајндховен го срушија брзинскиот рекорд за пренос на податоци преку мрежа со оптички влакна. Користејќи нови материјали и технологии, тие ја креираа оваа мрежа која може да достигне брзини на трансфер од неверојатни 255 терабити во секунда.

Сликовито објаснето, со брзини од 255 терабити во секунда ќе можете да префрлите филм од уред на уред со големина од 1 гигабајт за неверојатни 0.03 милисекунди, или да наполните еден хард диск со капацитет од 1 терабајт за едвај 30 милисекунди. Ова е илјадници пати побрзо од најбрзата мрежа од ваков тип која моментално е во комерцијална употреба, а има капацитет од едвај 100 гигабита во секунда.

Земајќи ја во предвид моменталната светска мрежна инфраструктура и фактот што за овие брзини да станат реалност треба да се постават милиони километри нови кабли кои би ја носеле оваа мрежа, јасно е дека во блиска иднина оваа технологија нема да ја видиме во употреба. Но сепак, не треба да значи дека оваа иновација е само уште еден срушен брзински рекорд. Во блиска иднина, растот на интернетот и интернет сообраќајот се предвидува да се зголеми неколкукратно, па барем знаеме дека ќе бидеме спремни да одговориме на зголемената побарувачка.


Сподели: