Запознајте ја најголемата соларна термоелектрана во светот, Ivanpah

Наука
3. Mar 2021
99 прегледи
Запознајте ја најголемата соларна термоелектрана во светот, Ivanpah

Ivanpah e соларна термоелектрана лоцирана во DryLake, Californiа, која е сопственост на NRG Energy, Google и BrightSource Energy. Проектот вреден 2.2 милијарди долари се распространува на 1600 хектари и користи 347.000 компјутерски контролирани огледала за да ја фокусира светлината од сонцето на три кули високи 140 метри, каде што водата се претвора во жешка пареа и ги врти турбините кои произведуваат струја.

Под полн капацитет, оваа масивна соларна термоелектрана произведува 392 мегавати електрична енергија, што е доволно да се напојат околу 140.000 домови во Калифорнија со „чиста“ енергија, со што би се скратиле околу половина милион тони карбон диоксид годишно.


Сподели: