Првата линија код на Linus Torvalds, креаторот на Linux

Програмирање
3. Mar 2021
103 прегледи
Првата линија код на Linus Torvalds, креаторот на Linux

Linus Torvalds нѝ е најдобро познат како главниот креатор на Linux Kernel-от и системот за контрола на верзии, git. Зачетоците на Linux датираат од 1991, кога Torvalds имал само 22 години.

Покрај сите контроверзии, а особено тие за неговото однесување кон други професионалци и членови на Linux и open source заедницата, Torvalds сепак останува големо позитивно влијание, ако не и инспирација за многу програмери и open source ентузијасти.

Во едно кратко интервју за Bloomberg Business, Linus Torvalds зборува за тоа како дошол во контакт со компјутерите, што е тоа што го привлекло кон програмирањето, како и за неговата прва линија код.

“Главната работа што ми се допаѓа кај програмирањето е тоа што можеш да му кажеш на компјутерот што да прави, и компјутерот ќе го направи точно тоа и ништо повеќе од тоа. Можеби сум аутистичен или нешто такво, но тоа не се случува во обичниот живот.”

Првиот компјутер што Линус Торвалдс го користел бил компјутерот на дедо му, Commodore VIC-20 кој работи со BASIC. Првата работа што ѝ ја покажал на сестра си била и првата работа што секој ја учи во BASIC. Сара, сестра му на Torvalds, вели дека и покажал како код во BASIC може да го испринта нејзиното име безброј пати.

10 PRINT “SARA IS THE BEST”
20 goto 10

Torvalds имал околу 11 години кога првпат дошол во контакт со Commodore VIC-20: 8-битен компјутер опремен со Commodore BASIC 2.0 со 5 kB RAM меморија, од кои само 3.5 kB можат да се користат за програмирање во BASIC. Програмирањето за него не отпочнало како многу озбилна работа, но додека да наполни 15 години му станало главен интерес.

“Ако не си програмер, за тебе кодот нема да изгледа како ништо интересно или лесно разбирливо, но ако програмираш доволно долго, можеш да го читаш како било кој друг јазик. Може да се случи да напишеш код што ќе изгледа прекрасно, но нема да го решава проблемот – што е и причината зошто уште работам на истиот проект и 20 години покасно.”


Сподели: