Tachyum има универзален процесор кој е директна конкуренција на Intel, AMD и Nvidia

Универзалниот процесор на Tachyum наречен "Prodigy" кој сеуште е прототип е спремен да направи револуција во дата центрите и да биде директен конкурент на Intel, AMD и Nvidia.

Хардвер
25. Mar 2021
192 прегледи
Tachyum има универзален процесор кој е директна конкуренција на Intel, AMD и Nvidia

Компанијата за чипови Tachyum наскоро ќе го претстави прототипот на својот многу очекуван Prodigy Universal Processor. Изграден со користење FPGA технологија, Tachyum објави дека овој процесор ќе обезбеди значително подобрени перформанси и истовремено намалена потрошувачката на енергија. Вистинската привлечност на овој процесор е сепак неговата способност за ефикасно извршување на сите видови оптоварувања како што се калкулации со високи перформанси, вештачка интелигенција и машинско учење. Од Tachyum предвидуваат дека овој процесор ќе донесе милијарди долари во годишна заштеда на големите компании Google, Facebook, Amazon и Alibaba, кои користат стотици илјади сервери за да ги овозможат нивните сервиси и продукти.

Не само што универзалниот процесор е подготвен да ја елиминира употребата на хетерогена комбинација на хардвер за да одговара на различните оптоварувања, Tachyum тврди дека Prodigy може да ги надмине најбрзите графички процесори на Nvidia во суперкомпјутерските системи.

Во јадрото на процесорот е всушност технологија за емулација на софтвер која помага при извршување на различни видови на оптоварувања. Всушност, компанијата тврди дека може да работи изворен код од ARM и RISC-V подобро од самите процесори кои се базирани на овие архитектури.

Tachyum известува дека хардверските прототипови на чипот во моментов се во завршна фаза на тестирање пред да бидат испратени до првите потрошувачи каде што ќе бидат ставени на тест во вистинскиот свет.

Комплетните спецификации и понудата на моделите на Prodigy можете да ги погледнете на следниот линк.


Сподели: