Информации

Tehnika.mk е интернет платформа за огласување и продажба на електронски уреди. Ние веруваме во напредни идеи, и сакаме нашата визија за квалитетен, брз и модерен интернет огласник да ја споделиме со тебе.

 

Регистрацијата на Tehnika.mk е отворена за сите и може да се направи со електронска адреса или преку автоматска најава со кориснички профил на Facebook или Google.

 

Доколку имаш идеи или забелешки околу работата на овој вебсајт, слободно прати порака на следниот линк.

 

 

Правилата на користење

Огласите може да бидат објавени во една од следните категории: компјутери и компјутерски делови, аудио опрема, дигитални камери, мобилни уреди, тв и видео опрема, игри и конзоли, и соодветните поткатегории.

 

Огласите треба да имаат краток и јасен наслов, детален опис за состојбата и технички карактеристики на предметот. Пожелно е да се прикачат неколку квалитетни фотографии со добар квалитет.

 

Секој објавен оглас поминува низ задолжителна модерација од администраторите пред да биде објавен јавно. Tehnika.mk може без никакво известување да ги промени, преработи или избрише огласите поставени од корисниците доколку не ги задоволуваат нашите критериуми.

 

Tehnika.mk не превзема никаква одговорност за точноста на содржината и фотографиите објавени од корисниците, како и за состојбата и техничката исправност на предметите кои се објавени.

 

Забрането е објавување на порнографски, вознемирувачки, дискриминирачки, раститички или навредливи содржини врз база на родова, етничка или верска припадност. Корисниците кои ќе прекршат овие правила ќе бидат перманентно суспендирани од користењето на оваа платформа. 

 

Доколку сакате да пријавете оглас кој треба да биде отстранет или променет поради тоа што има неточна, сомнителна или вознемирувачка содржина, пратете порака на help@tehnika.mk со линк до соодветниот оглас.

 

 

Приватност

Податоците кои ги агрегираме од посетителите служат исклучиво за да се овозможат и подобрат услугите на нашиот сервис. При секоја посета на оваа страница нашиот веб сервер генерира записи од корисничката ИП адреса, времето на пристап и типот на интернет прелистувач (user agent). Овие записи имаат интервал на ротација од 180 дена.

 

Ако се најавуваш на оваа платформа со електронска адреса, Google или Facebook корисничка сметка, податоците кои се асоцирани со соодветниот сервис: електронска адреса, име, слика и телефонски број ќе бидат асоцирани со корисничкиот профил на Tehnika.mk.

 

Комуникацијата и преносот на податоци помеѓу нашиот веб сајт и корисникот (корисничко име, лозинка, пребарувања) е криптирана преку TLS 1.2 врска. Корисничките лозинки на нашиот систем се зачувани во криптиран формат со помош на bcrypt/sha1.

 

Личните податоци на корисниците не се споделуваат со трети лица и ќе бидат користени исклучиво за намената на функционирањето на овој веб сајт. Сите лични податоци вклучувајќи го и корисничкиот профил на оваа платформа може да бидат перманентно избришани од самиот корисник во менито Мој Профил > Податоци за корисник.

 

Tehnika.mk го задржува правото без никакво претходно известување да ги измени условите за користење. Променетите услови ќе стапат во употреба по јавното известување на оваа страница.

 

Последна промена: 11 Февруари, 2021